мн. кавали
Вид збор: Именка, машки род
Народен дувачки музички инструмент изработен од дрво, во вид на цевка со осум отвори.
Англиски:
flute
Турски:
kaval
мн. кавалџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што свири на кавал; свирач на кавал.
мн. каватини
Вид збор: Именка, женски род
Кратка оперска арија во едноставен стил без делови што се повторуваат.
Примери:
каватина од Моцарт
мн. каденци
Вид збор: Именка, женски род
Акордcки низ со кој се завршува некој дел од композиција или музичко дело како целина.
Англиски:
cadence
Албански:
kadencë
Виртуозен дел на соло-концерт во кој солистот свири без придружба од оркестарот.
Англиски:
cadence
Албански:
kadencë
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Bид танц со четворица танцувачи, кои меѓусебно си ги менуваат местата.
Примери:
Малата група парови во ритамот на кадрилот се вртеа наоколу.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Руско-украинска народна игра чиј ритам постојано се забрзува.
(едн.) какофонијата
Вид збор: Именка, женски род
Повеќе тонови заедно што звучат неусогласено.
мн. камертони
Вид збор: Именка, машки род
Тон според кој се штимаат музичките инструменти, утврдена висина на тонот.
Мал, музички уред што го дава основниот тон и служи за штимање на музички инструменти.
мн. канони
Вид збор: Именка, машки род
Верижно пеење во хор, во кое мелодијата на водечкиот глас ја прифаќаат и другите гласови, повторувајќи ја во определени периоди.
Англиски:
canon
Албански:
këndim kanon
Стар жичен музички инструмент од составот на чалгаџиите.
Англиски:
canon
Албански:
instrument i vjetër, kanon
мн. кантати
Вид збор: Именка, женски род
Голема вокално-инструментална композиција од неколку дела за солисти, хор и оркестар.
мн. кантилени
Вид збор: Именка, женски род
Мелодија со певлив, лирски карактер во поголема музичка композиција.
мн. канцони
Вид збор: Именка, женски род
Кратка лирcка песна.
Англиски:
song
Албански:
këngë, kanconë
Вид вокална композиција; забавна, обично италијанска, мелодија, песна.
Примери:
Репертоарот го сочинуваат шансони и канцони.
мн. капели
Вид збор: Именка, женски род
Вокална или инструментална група, хор (обично со помал број пејачи и свирачи).
Англиски:
band
Албански:
kapelë, bandë
Примери:
блех капела
мн. капелници
Вид збор: Именка, машки род
Лице што диригира, што раководи со капела.
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Вид инструментално музичко дело со слободна форма, што се одликува со неочекувани промени и жива мелодија.
Вид збор: Именка, множина
Ударен музички инструмент, што се состои од две дрвени, метални и сл. плочки, поставени на прстите, кои се удираат една од друга и произведуваат звук.
мн. кварти
Вид збор: Именка, женски род
Четврти степен од тонската скала; интервал од четири тонски степени.
мн. квартети
Вид збор: Именка, машки род
Музичка творба за четири инструмента или четири гласа.
Англиски:
quartet
Албански:
kuartet
Состав од четири гласа или инструменти.
Англиски:
quartet
Албански:
kuartet
Примери:
вокален квартет, гудачки квартет
мн. квинти
Вид збор: Именка, женски род
Петти степен од тонската скала; интервал од пет тонски степени.
Англиски:
fifth
Албански:
kuinta
мн. квинтети
Вид збор: Именка, машки род
Музичка творба за пет инструмента или за пет гласа.
Ансамбл од петмина исполнители.
Вид збор: Именка, среден род
мн. киксови
Вид збор: Именка, машки род
Погрешно фатен тон при пеење.
мн. китари
Вид збор: Именка, женски род
Вид жичен музички инструмент.
мн. клавијатури
Вид збор: Именка, женски род
Сите клавиши на пијано, оргули и сл.
Примери:
Погледна во нотната тетратка и почна да ги движи прстите по клавијатурата.
клавијатурист
повеќе
мн. клавијатуристи
Вид збор: Именка, машки род
Музичар што свири на клавир, на пијано.
Музичар кој во ансамбл на забавна музика свири на електронски инструменти со клавијатури.
мн. клавири
Вид збор: Именка, машки род
Музички инструмент со клавиши со чија помош cе пренесуваат удари на чеканчиња врз затегнати жици и се произведува звук.
Англиски:
piano
Германски:
Klavier
мн. клавиристи
Вид збор: Именка, машки род
мн. кларинети
Вид збор: Именка, машки род
Дрвен, дувачки музички инструмент во форма на труба, со писка.
Примери:
Механизмот на современиот кларинет е многу усовршен.
мн. кларинетисти
Вид збор: Именка, машки род
Музичар што свири на кларинет.
Примери:
концерт на кларинетистите
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
мн. клепала
Вид збор: Именка, среден род
Перкусионен музички инструмент од дрво.
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
мн. клучеви
Вид збор: Именка, машки род
Орудие за оптегнување на струните на музички инструмент.
Англиски:
key
Албански:
çelës
Примери:
Музичките инструменти имаат клучеви за штимање и свирење.
Музички знак на почетокот од нотниот систем што го определува тоналитетот.
Англиски:
key
Албански:
çelës
Примери:
виолински клуч
Направа која се користи за штимање гитара.
Примери:
штимерски клуч
мн. кобилици
Вид збор: Именка, женски род
Дрво што ги подига жиците на виолина и други гудачки инструменти.
(едн.) колоратурата
Вид збор: Именка, женски род
Виртуозно извивање на гласот при пеење.
Примери:
Бел канто колоратурата не е најприродна за нејзиниот глас, но таа испеа убедливо и беше поопуштена од минатата пролет и разбуди посвежи чувства.
колоратурниот
Вид збор: Придавка
Што се одликува со колоратура; што добро изведува колоратури.
Примери:
колоратурен сопран
мн. композитори
Вид збор: Именка, машки род
Тој што компонира, автор на музичко дело.
Примери:
Современите композитори ја збогатија музиката со кантати и симфонии.
композиторски
повеќе
композиторскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што му припаѓа на композитор.
Примери:
композиторско дело
мн. композиции
Вид збор: Именка, женски род
музичко дело
Примери:
оркестарска композиција
Теорија на cоздавање музички дела.
конзерваториум
повеќе
мн. конзерваториуми
Вид збор: Именка, машки род
Највисока музичка школа.
Примери:
Студира пијано на конзерваториум.
мн. контраалти
Вид збор: Именка, машки род
Женски пејач со глас подлабок од алт.
мн. контрабаси
Вид збор: Именка, машки род
Најголем и најдлабок гудачки инструмент.
Примери:
Гудалото за контрабас е најкратко и најтешко во однос на останатите.
контрабасист
повеќе
мн. контрабасисти
Вид збор: Именка, машки род
Тој што свири на контрабас.
Примери:
Заврши школа за контрабасисти.
мн. контрапункти
Вид збор: Именка, машки род
Поврзување на две или повеќе мелодии во хармониска целина при нивното изведување.
мн. контратенори
Вид збор: Именка, машки род
Машки пејач со глас повисок од тенор.
мн. концерти
Вид збор: Именка, машки род
Изведба на инструментални или вокални композиции пред публика според одредена програма.
Англиски:
concert
Албански:
koncert
Примери:
Симфониски концерт.
Голема музичка творба за некој инструмент со оркестарска придружба.
Англиски:
concert
Албански:
koncert
Примери:
Концерт за виолина и оркестар.
концертниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на концерт, што служи за изведба на концерти.
Примери:
Концертна сала.
концертираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава концерт; настапи, настапува како изведувач на концерт.
Примери:
Со џез оркестарот концертираше во многу земји.
мн. копачки
Вид збор: Именка, женски род
Bид народно машко оро кај кое ритамот постојано cе засилува.
мн. корали
Вид збор: Именка, машки род
Bид црковна хорска песна што се пее едногласно.
Примери:
Коралите што ги собрал папата биле народни песни своевремено.
мн. кореографи
Вид збор: Именка, машки род
Уметник што се занимава со кореографија.
Примери:
балетски кореограф
кореографија
повеќе
мн. кореографии
Вид збор: Именка, женски род
Опишување на танцовите движења со помош на посебни знаци, наменето за танчарите.
Уметност на cоздавање и поставување танци на сцена.
кореографира
повеќе
кореографираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе кореографија.
Примери:
Кореографира балетска претстава.
мн. корепетитори
Вид збор: Именка, машки род
Музичар што вежба со солисти или хор, обично придружувајќи ги на пијано.
Примери:
Работеше како корепетитор во операта.
корепетиција
повеќе
мн. корепетиции
Вид збор: Именка, женски род
Повторување и вежбање во музичката настава и во подготовката за сценски настап.
мн. корнети
Вид збор: Именка, машки род
Дувачки лимен инструмент што има форма на рог.
Англиски:
cornette
Албански:
kornet, instrument muzikor
мн. корони
Вид збор: Именка, женски род
Знак со кој се продолжува траењето на тонот, акордот или на паузата.
Примери:
Мелодиите биле означени со различни корони.
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Постепено засилување на гласот.
Примери:
патетично крешендо
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Назив на едно народно оро во кое за време на играта нозете се вкрстуваат.
Албански:
lloj valle me kryqëzim të këmbëve
мн. ксилофони
Вид збор: Именка, машки род
Музички инструмент што се cоcтои од дрвени плочки на кои се удира со дрвени удиралки.
мн. кукуди
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена направа во форма на луле од ореово дрво со која се чука на тапан cо десната рака.
мн. куплети
Вид збор: Именка, машки род
Лесна хумористично-сатирична песна со актуелна содржина и ист рефрен и мелодија.